THERAFLEX MACEDONIA
Јули 2017
П В С T П С С
« Мар    
 12
3456789
10111213141516
17181920212223
24252627282930
31  

Физио-Рехаб

Физио-Рехаб претставува еден современ центар за третирање на сите видови склелетно-мускулни дисфункции, специјализиран во областа на дисфункциите на ‘рбетниот столб. Центарот е создаден по идеја на Борче Кукуноски, дипломиран кинезитерапевт/физиотерапевт. Дипломира на факултетот за Кинезитерапија/Физиотерапија при НСА Васил Левски- Софија Р.Бугарија во 2006 година, на истиот факултет магистрира во 2008, со специјализација во областа на скелетно-мускулните дисфункции. Борче Кукуноски е лицензиран физиотерапевт во Р. Македонија, Р. Бугарија и Германија. Има завршено повеќе дополнителни курсеви од кои повеќето обуки биле во Германија, од 2010 е сертифициран Schroth Method терапевт -единствен во Р.Македонија. Во центарот се изведуваат најсовремени и најмодерни терапии со кои ви се овозможува брзо и ефективно рехабилитирање. Терафлекс системот за третирање на рбетниот столб, кој се користи, е единствен од таков вид во Р. Македонија. Од крајот на 2014 година во центарот се третираат и пациенти со дисфункции на КАРЛИЧНО ДНО. Борче Кукуноски работи како кинезитерапевт/физиотерапевт во приватна практика од 2008 година и неговата цел е континуираната надградба во областа на физиотерапијата со која клиентите би добивале се поефективни третмани.