THERAFLEX MACEDONIA

Почетна » Сведоштва

Сведоштва

Имав долго време проблеми со кичмата, повеќе години наназад. Последнава година нагло ми се зголемија болките во крстот и во левата нога. Имаше денови кога дури и неможев да се движам. Бев на болница и ми дадоа апчиња против болка и инекции од кои немав никакво подобрување. Правев физикална терапија, посетив  и различни тријачи и местачи од кои не видов никакво фајде.

Ми препорачаа да направам магнетна снимка по која ми рекоа дека имам хернија и дека болката доаѓа поради неа и нема назад , ми препорачаа да внимавам многу. Неврохирургот во Битола ми препорача да ме оперира и јас се согласив зошто болките веќе стануваа неподносливи. Докторот ми рече дека се ќе биде во ред по операцијата. Остана да направам некакви испитувања и да легнам за операција. Моите најблиски беа против операцијата и затоа се консултирав и со друг неврохирург во Скопје кој не ми дозволи да правам операција и ми препорача да правам терапија.

Меѓу време едни мои пријатели ми  препорача да се консултирам со Борче во центарот Физио-Рехаб, каде исто ми беше кажано дека терапијата е подобра опција од операција. Тука по само неколку  третмани веќе се чуствував многу подобро и продолжив со терапијата. Денеска благодарение на Борче и терафлекс  третманот  јас се чуствувам одлично и без никаков проблем и болка функционирам , се наведнувам , работам и ги извршувам сите обврски.  Ја избегнав операцијата и меѓу другото со терапијата ја изгубив и долгогодишната главоболка и болките во грбот кои знаеа да бидат и доста непријатни.

Благодарам

Ане, 33 години

Неверојатно е чувството да имаш спокоен сон, без болки, без несоници… Уште од пубертет имам двојна сколиоза, од која не почувствував некои болки, бидејќи сеуште се развиваше моето тело. Но сега кога сум во зрелите години силната болка стана мое секојдневие. Кога сум активна во текот на денот чувствувам само некоја слаба болка, но кога денот завршува наместо да се одмарам, јас не спијам од јаки болки. Болките ми беа пречка во извршувањето на секојдневните домаќински обврски.

 Но благодарејќи на Физио- Рехаб од Прилеп, јас повторно се вратив во нормала. Поради големи маки се решив од Струмица да се лекувам во Прилеп, и не зажалив. Немам зборови со кои можам да објаснам колку многу почувствував олеснување со помош на специјалните терапии и секојдневните вежби.

Тања

 

 


Напишете коментар